Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Ако „падне протоколот“ „паѓаат“ и бугарските уцени за бришење на македонската историја, но и за уставни измени

Ако Уставен го поништи вториот протокол со Бугарија од 2022 кој всушност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако Уставен го поништи вториот протокол со Бугарија од 2022 кој всушност е алатка за бришењето на македонската историја, Македонија ќе го извади осилото од болната пета. Нема повеќе да биде уценета заложничка на Бугарија на евтоинтеграцискиот пат затоа што токму во овој протокол стои обврската за уставни измени и внесување на бугарите во него. Доколку падне протоколот Софија нема има на што да се повикува за промена на Уставот и промена на учебниците по историја, како и да реагира за научни трудови, медиумски написи и јавни изјави, во кои се зборува за македонскиот народ, јазик и идентитет.

Подносителката на иницијативата  Лилјана Поповска вели дека таа не го спори договорот за добрососедски односи и францускиот предлог, кој веќе е дел од преговарачката рамка, туку како неуставен го спори протоколот преку кој Софија сака да го бугаризира македонскиот народ.

Според неа, поништувањето на протокол, кој и според поголемот дел од јавноста е штетен и задира во идентитетот на Македонците, државава може подобро да се позиционира во преговарачкиот процес и билатералниот спор. Поповска вели дека ќе можеме да се повикаме на Виенската конвенција и да бараме нов протокол во кој Македонија ќе има подостоинствена позиција, а одлуките ќе бидат согласно домашното и меѓународното право, без оние крвави барања на Бугарија да не прикаже како вештачка нација без историја.

Реклама

Според иницијативата, со усвојувањето на протоколот, прекршен е Уставот, Законот за надворешни работи и Законот за договарање и ратификација за спроведување на меѓународни договори. Не е ратификуван во Собрание и не е објавен во Службен весник. Надвор е од Договорот за добрососедство и меѓународните норми. Преку протоколот, Бугарија бара унишутвање на македонскиот јазик и идентитет и историја. Ова се причините зошто Уставен суд ја прифати иницијатива и отвори предмет во кој ќе се аргументира законитоста и уставноста на вториот протокол од преговарачката рамка.

https://youtu.be/7pA5gnHjUI8