Преспанското езеро ќе исчезне и ќе ја доживее судбината на десетици езера во светот и тоа за помалку од 40 години доколку не се превземат итни мерки-научниците со црни сценарија за второто по големина природно езеро во Македонија. Покрај климатските промени и неповолната хидролошка состојба, причина за ваквата апокалиптична состојба е човекот, но и инертноста на институциите во трите држави кои го делат.Статешкиот акциски план за управување со Преспанското езеро од денешен апсект е тотапно не употреблив, оти е стар 20 години. И тоа што истиот го содржи воопшто не се применувало.
” Најбитно за нас беше да се ревидира стратегијата за одржливо управување со подрачјето Преспа парк, која се однесува на Преспанското езеро.Првата генерација на тој акциски план како стратешки документ е донесен 2005- та.За жал од многу причини за кои сега не е моментот да се навлегува во анализа, зошто ништо од тоа не е спроведувано” –вели Ајман Ал Малла-ракводител на сектор за животна средина во општина Ресен
Без усвојување на нов стратешки документ кој ќе ги опфати сите фактори кои влијаат на состојбата на Преспанско и без формирање на банка на податоци, ние нема да имаме релеванти информации за натамошна анализа врз основа на која би предвиделе некакви мерки и активности,вели Ајман Ал Малла. Сегашната состојба е многу загрижувачка затоа што од 1963 година, езерото изгубило 60 % од својот волумен,а квалитетот на водата е се полош.Во услови кога пресушуваат дел од реките кои го полнат езерото,водата неконтролирано се користи за наводнување во трите држави Македонија, Албанија и Грција.За илустрација во Преспа во една сезона, хектар јаболков насад има потреба од околу 3.500 до 3.800 кубни метри вода, а се користи двојно повеќе, односно околу 8.700 кубни метри по хектар.Наместо да имаме потрошена вода за наводнување од 16 милиони кубни метри на годишно ниво, ние во 2024-та имавме околу 36 милоиони,што е катастрофално, вели Малла. Резултатите на релевантните научни институции за квалитетот на водата се загрижувачки.Таа е помеѓу 2 и 3 категорија но,но на одредени подрачја има висок степен на загаденост.

” Покажува на еден тренд на загадување на водите на Преспанското езеро кои се за жал резултат на прилив од сливното подрачје, значи не потекнуваат дирекно од водите во Преспанското езеро.На одредени локации во сливното подрачје кај што има притисок од отпадни води, кои случано или не влегуваат во сливното подрачје, покажуваат голем степен на загадување од 4 и 5 категорија” вели Ајман Ал Малла
Општина Ресен ќеизгради канализациски системи и прочистителни станици но без свежа вода,подобрување на хидролошката состојба и намалување на екслоатацијата на вода за наводнување,нема спас за Преспанско.Повлекувањето на водата долж брегот е од неколку стотици метри па дури и до над 5 км километри.Властите од сите три држави под итно да седнат на иста маса и доследно да ги спроведуваат законските мерки и активности хармонизирани согласно Рамковната директива за води на ЕУ,вели нашиот соговорник.Само за 4 месеци водата е драстично повлечена,по крајбржјето можат да се забележат километарски цевки и системи за наводнување.
