Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Ако до март не се избере претседател на Советот во Струга, ќе има нови избори за советници

Доколку деструктивните структури на СДСМ, Националната алијанса за интеграција и советниците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку деструктивните структури на СДСМ, Националната алијанса за интеграција и советниците на Рамиз Мерко продолжат да ја држат Струга во целосна парализа,бојкотирајќи го обидот да се избере претседател-во март идната година ќе има избори за нов советнички состав.Тоа го потврди градоначалникот Менди Ќира,изнесувајќи ги своите сомнежи дека претставниците на спомнатите политички гарнитури имаат формирано тајна коалиција со цел да ги парализираат општинските институции и развојот на општината.

  “Јас, како градоначалник, заедно со партиите на мнозинството, се договоривме дека, доколку опозицијата продолжи со блокирачките методи, во моментот кога ќе се исполнат законските услови, ќе се организираат предвремени избори за Општинскиот совет. Но, јас нема да дозволам Општина Струга и нејзините граѓани и понатаму да бидат заложници на старите структури кои ја уништуваа општината цели две децении.” –вели Менди Ќира, градоначалник на Струга

Политичките несогласувања го парализираат градскиот Совет кој и после два месеци од конститурањето, не може да избере претседател.Кризата во советот ја кочи и работата на општината.Ние не преговараме со никого затоа што не се мешаме во поставеноста на работите на  нашите коалициони партнери,велат од ВМРО ДПМНЕ.

Реклама

 “Тие си имаат меѓусебен договорот и политички преговори и односи ги поставуваат согласно нивните интереси.Не постои никаков спор или пречка во нашата коалиција, барем за сега тие односи се усогласени, она што нам ни треба се бројките кои нужно го условуваат и изборот на претседател.За да се избере претседател на Совет треба да има кворум на седницата на која се избира.Дали ќе се избере со 12 мнозинство од вкупниот број советници или со просто мнозинство е неважно”- вели Мите Стефоски- советник од ВМРО ДМНЕ

Се додека не се избере претседател,не можат да се носат легитимни одлуки во прв ред усвојување на буџетот и програмите, во кои се вклучени значајни проекти за 2026 година, во вредност од 5 милиони евра. 31-ви декември е краен рок да се донесе буџетот ,потоа ќе мора да се донесе времен буџет само за плати на вработените и подмирување на неоходните трошоци.