Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

🎥 Акција за уредување на Скопското Кале, кое со години беше запуштено

Скопското Кале – сведок на векови историја и симбол на главниот град…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопското Кале – сведок на векови историја и симбол на главниот град кој  со години е оставен на забот на времето, конечно ќе добие заслужено внимание и обновување. Запуштеноста на тврдината во изминатите години, според директорката на управата за заштита на културното наследство, е негрижата на градската власт на чело со Арсовска. За таа цел денеска беше започната акција за средување на вегетацијата на просторот кој подолго време беше обраснат со висока и сува трева, а наскоро ќе почне и обновувањето на двата музеи кои се наоѓаат на тврдината, за што Владата со ребалансот на буџетот обезбеди 8 милиони денари.

„Управата за заштита на културно наследство проба да стапи во контакт со градот Скопје и јавното претпријатие Паркови и зеленило, но безуспешно. Затоа, како управа инициравме до ЗЕЛС и градоначалникот Орце Ѓорѓиески и наидовме веднаш на одговор. По тој повод е денешната акција која што е дел од планот за ревитализација на скопската тврдина Кале“, изјави Весела Честоева, директор на Управата за заштита на културно наследство.

За претседателот на ЗЕЛС и кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, Калето е еден од најважните културни симболи на градот и преку него генерално може да ја видиме состојбата на метрополата. Ѓорѓиевски вети дека ако ја добие довербата од граѓаните на локалните избори наесен, сите историски симболи на метрополата ќе добијат посебен третман.

Реклама

„Мене ми е жал искрено за состојбата во кој се наоѓа не само овој објект туку и други објекти. Ова треба да биде континуиран процес и активности кои не треба да се случуваат под капата на медиумите, но се случуваат за жал. По локалните избори и Калето и сите други објекти во градот Скопје кои се историски симбол на градот ќе имаат посебен третман“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода/ претседател на ЗЕЛС.

Алфа ја побара и противкандидатка на Ѓорѓиевски  и актуелна потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова. Таа вели дека ќе работи на мултикултурата и соживот на граѓаните, а за ваквите акции – за грижа на културните обележја, вели дека треба да бидат постојана пракса.

„Тоа треба да биде норамална работа, не треба да биде прашање на популизам и на прибирање на гласови треба да биде нешто што градот постојано да си го одржува како локација за да можеме да го презентираме пред туристи и да покажеме всушност каков град е Скопје“, изјави Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ.

Шукова како министер во претходната влада, мандатот го помина без некакви видливи промени во однос на екологијата и зачувување на животната средина. Од друга страна актуелниот градоначалник на Кисела Вода, изминатите 4 години исполни 95 отсто од проектите кои ги вети.