Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Прилози

Ајварот како кавијар – пиперката „Ајварка“ се продава и за 80 денари

Традиционалната зимница од година во година станува се поголем луксуз. Ајварот, лутеницата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционалната зимница од година во година станува се поголем луксуз. Ајварот, лутеницата и туршијата се помалку се наоѓаат на македонските трпези поради високите цени на потребните продукти, а пресметките на граѓаните им излегуваат скапо,  па затоа не се сигурни дали ќе направат нешто за претсојната зима.

 Оваа година пиперката „Ајварка“ се продава од 60 до 80 денари за килограм, а модриот домат од 15 до 20 денари за парче.  Ако се прават пример 50 кг, само за пиперките се потребни 4000 денари. На оваа количина пиперки се потребни околу 20 модри патлиџани кои би чинеле околу 400 денари. За зејтин треба да се одвојат околу 700 денари колку што чинат 5 литри. Оттука вкупните трошоци изнесуваат 5.100 денари. Од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 25 тегли ајвар, што значи дека една тегла ќе ве чини повеќе од 200 денари, што е повеќе од дупло од претходните години. Сепак, овде не се зема предвид и вложениот труд.

Граѓаните се жалат дека високите цени не им дозволуваат да се подготват за престојната зима, а подготовката им претставува вистинска мака. И трговците, како што велат, побарувачката е намалена.

Реклама

„Цените се врвни, готов ајвар е поисплатливо. Ем е готово, ем поефтино. Не мора ништо да работиш. Јас мислам декае многу работа и си купувам. Не е ист квалитетот, сигурно е поубаво да си направиш дома, ама ако можеш.“- велат граѓаните.

„Луѓето купуваат помалку и се жалат за цените.“- велат трговците.

Најевтината тегла ајвар во маркетите е околу 200 денари, а најскапиот и над 400 денари. Граѓаните кои немаат услови за пдготвување зимница велат дека им е полесно да си купат по некоја тегла одколку да го подготвуваат дома.