Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по контроли спроведени на граничните премини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по контроли спроведени на граничните премини во текот на минатата недела спречи увоз на 50 тони небезбедна храна што требало да заврши на македонскиот пазар.

-Официјалните ветеринари на АХВ на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот систем на АХВ и на увознатата документација според која количините кои требале да се увезат и да завршат на македонскиот пазар потекнувале од објект кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, со што не се испоплнети основните безбедносни стандарди за увоз, односно постојат сомнежи за здравствена исправност на месото, што претставува ризик за потрошувачите, соопшти АХВ.

Како што посочуваат, инспекторите за храна минатата недела забранија увоз и на пратка со 22 тони ореви по потекло од Казахстан поради несоодветно означување и отстапки во пропишаните критериуми за квалитет и безбедност на храна.

Реклама

-Поради тоа целата количина од 22 тони вратена е во земјата на потекло, односно, забранет е нејзин пласман на македонскиот пазар, прецизираат од АХВ.

Од АХВ нагласуваат дека контролите на увозот на храна од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување на небезбедни производи и апелираат до увозниците строго да ги почитуваат законските регулативи и стандардите бидејќи здравјето на граѓаните останува врвен приоритет за институцијата.