Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Афазија – состојба што го одзема говорот, но не и надежта

Состојба што го одзема зборот, но не и желбата за живот. Здружението…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојба што го одзема зборот, но не и желбата за живот. Здружението Хоуп заедно со Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација под мотото „Надежта е нашиот најсилен збор“, ги здружија знаењето и искуствата во месец јуни – месец на подигнување на свеста за афазија. Од „Хоуп“ велат деика во Македонија граѓаните малку се запознати со ваквата состојба, а тоа го покажува и анкетата во која од 241 исптаник дури 68% изјавиле дека никогаш не слушнале за ваквата состојба.

„Интересен податок е дека 68% не слушнале никогаш за терминот афазија, а од 235 испитани 100 мажи и 135 жени, кога направивме анализа според полот жени мажи видовме дека 90% од женикоте кои учестуввале ја знаат таа повзаност меѓу мозочниот удар и афазијата, а 84% од мажите исто така слушнале“, изјави Нермин Теловска – директор на ЈЗУ центар за рехабилитација.

Станува збор за состојба во која пациентите целосно или делумно ја измаат изгубена способноста на говор. Мирјана Марковска претседател на Хоуп, која и самата има преживеано два мозочни удари, смета дека целта на ова здружение е да се постигне свеста кај луѓето за ваквата состојба. 

Реклама

Од Клиниката за неврологија велат дека дневно се хоспитализираат по еден до двајца пациенти со мозочен удар. Говорот кај нив е или целосно изгубен или тешко оштетен.

„Нема ликаменти што може да го подобрат говорот, тоа е заблуда дека со некои лекови говорот ќе се подобри, тоа само може со соработка и работа со нашите колеги и соработници логопеди“, изјави Иван Барбов, специјалист по неврологија.

Инаку во Македонија се проценува дека има меѓу 5.000 до 10.000 луѓе кои живеат со оваа состојба.