Реклама
Македонија

Аерозагадувањето во Охрид бара системско решение

Општина Охрид преззема интензивни мерки за спас од загадениот воздух кој со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Охрид преззема интензивни мерки за спас од загадениот воздух кој со години го задушува езерскиот град. Согласно усвоениот план секојдневно градежните инспектори вршат надзор над градилиштата,а овластен инспектор за животна средина врши надзор на инсталации со Б-интегрирани дозволи кои загадуваат.Постапуваат и по пријава на физички лица кои горат несоодветни матерјали. Сообраќајот и ложиштата со цврсто и течно гориво предизвикуваат најголемо загадување посебно во зима.

Ако веќе сме го детектирале огревното дрво затоа што таа е реалноста,ние имаме дури дупло или три пати повеќе оптеретеност на сообраќај и присуство на жители,па немаме проблем со загаденоста што значи дефинитивно е детектиран од страна на експертите начинот на кој се греат домаќинствата и веројанто со една државна стратегија,гасификацијата би била едно од решенијата”-вели  Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид

Сепак податоците покажуваат енормно загадување на нашата воздушна бања. Континуирано, во вечерните и раните утрински часови, има многу високо ниво на канцерогените ПМ 10 честички чија концентрација некогаш е над 300  микрограми на кубен метар,а концентрацијата на уште поопасните ПМ2,5 честички достигнува до 180 микрограми на метар кубен.

Реклама

Состојбата со воздухот во Охрид не е нова, таа датира многу одамна.Оние што се малку повозрасни се сеќаваат дека ова се случуваше и многу порано, а особено откако почна непланираната изградба на високите згради.Тие градби кои се проектораа и изградија во првите редови или најблиску до брегот на Охридското езеро го спречуваа она воздушно движење кое  што доаѓаше од езерото кон градот –велиТрајче Талевски,природонаучник

Анализите кои во 2024-та ги правеше општинското одделение за заштита на животна средина покажаа дека во Охрид годишно во просек се губат 133 животи заради изложеност на загаден воздух.

„Имаме многу често пациенти со хронични проблеми на плуќа, кои порано сме ги немале, а за жал сега премногу ги имаме. Имаме голем пораст и кај децата и кај возрасна популација. Сега кога е воздухот загаден, наместо да им речеме отворете врата или прозор за да се прочисти воздухот, ние им велиме затворете за да не влезат тие штетни честички и не ја влошат ситуацијата -вели Виолета Мицкоска-лекар

Бидејќи Охрид во моментов нема услови за гасификација,покрај субвенционирањето на граѓаните за купување и поставување на клима уреди и сончеви колектори, се предлагаат и низа други алтернативни начини на загревање на домовите.