Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Аднан Азизи и Арбана Пашоли предложени за 8. претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците

Пратениците Аднан Азизи и Арбана Пашоли беа предложени за осми претседател на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците Аднан Азизи и Арбана Пашоли беа предложени за осми претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците на денешната прва собраниска седница на овој комитет.

Собранискиот претседател Африм Гаши во неговото обраќање на присутните им го честиташе изборот за членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Тој појасни дека во овој состав на Комитетот од вкупно 19 членови, кои се бираат од редот на пратениците на Собранието, има седум членови од редот на пратеници – Македонци, исто толку од редот на пратеници – Албанци, по еден член од редот на пратеници – Турци, од редот на пратеници – Власи, од редот на пратеници – Срби и од редот на пратеници – Бошњаци.

Реклама

– Бидејќи од редот на пратениците на Собранието недостасуваше пратеник Ром, согласно Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците беше известен Народниот правобранител и тој по направени консултации со релевантните претставници на оваа заедница, дополнително предложи член на Комитетот од ромската заедница. Тоа е господин Јаше Сефер. Создаден со Охридскиот рамковен договор, овој Комитет беше предвиден да биде главен форум за дијалог и дискусија меѓу заедниците за клучни прашања што може да имаат ефект врз меѓуетничките односи. Ако сите страни покажат почит кон ова тело и го користат како што е предвидено, Комитетот ќе стане препознатлива институција. Чувствата кон Охридскиот рамковен договор и по многу години од неговото потпишување, остануваат поделени, но, најголем дел од граѓаните сметаат дека има подобрување на меѓуетничките односи и дека неговата имплементација ја стабилизира државата – рече Гаши.

Тој додаде дека „битен аспект во работата на Комитетот е неговото овластување да одлучува во случај на спор при спроведување на постапката на гласање во Собранието за закони кога за нив е потребно посебно мнозинство“.

– Значењето на Комитетот е толку големо, што Собранието е должно да ги разгледува неговите мислења и предлози и да донесува одлуки во врска со нив – истакна Гаши.

Тој подвлече дека се бира осмиот претседател на Комитетот почнувајќи од далечната 2003 година, кога по првпат е конституиран Комитетот и е избран првиот претседател.

Калтрина Беќири го предложи Аднан Азизи, за кого рече дека е лице со интегритет, одговорност и посветеност во работата и неговото политичко ангажирање.

Дијана Тоска ја предложи Арбана Пашоли, за која вели била претходно претседателка на овој Комитет и покажала успех во работата.

Беше дадена пауза до 14 часот, по што ќе се гласа по предлозите.