Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Aктерот Бајруш Мјаку на Охридско лето одбележа 53 години плодна уметничка кариера

На првата театарска премиера на Охридско лето, драмата „Татко“, од Флоријан Зелер,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На првата театарска премиера на Охридско лето, драмата „Татко“, од Флоријан Зелер, во режија на Иван Поповски, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ настапи извонредна актерска игра. Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“. Сценографијата ја изработи Енес Деари, а костимограф е Изет Цури.

Бардот на македонското глумиште, Бајруш Мјаку, со овој театарски проект го заокружува своето 53-годишно патување во светот на уметноста придружуван од актерите Амернис Нокшиќи, Фисник Зеќири, Сабина Мемиши Асланај, Мелика Кастрати и Флакрон Алији, информираат од НУ Охридско лето.

– Одлуката да го реализирам овој проект, односно да ја заокружам мојата 53-годишна уметничка кариера, беше болна – исто толку колку и ликот на таткото во драмата „Таткото“ од Флоријан Зелер, кој во поодмината возраст боледува од болеста на заборавањето – Алцхајмер. Главниот во семејството, таткото, ја губи сопругата и останува сам со својата ќерка. Во сообраќајна незгода умира и таа, но таткото, поради болеста, не знае и ја чека да се врати. На крајот и тој им се придружува. Покрај исклучителната театарска вредност на текстот, сметам дека со овој материјал отвораме едно мошне актуелно прашање што го зафаќа целиот свет и сè повеќе ни се приближува – Алцхајмеровата болест – вели актерот Мјаку.

Реклама

Првата негова соработка со режисерот Поповски се случила пред 25 години со „Дневникот на лудиот“ од Гогољ.

– Ова ми е десетти проект со продукцијата. Инаку, сите што сум ги реализирал досега, почнувајќи од „Дневникот на лудиот“, се покажаа мошне успешни. Единаесеттиот проект ќе биде телевизискиот филм „Татковите книги“ од покојниот Луан Старова, во режија и по сценарио на Русомир Богдановски – појаснува Мјаку.

Независната продукција „Театар на еден актер“ – Скопје е една од најуспешните независни продукции во државата. Нејзините претстави досега се одиграни на многубројни културни сцени во светот: Париз, Виена, Москва, Санкт Петербург, Киев, Истанбул, Адана, Кишињев, Скиен (Норвешка), Улан Батор, Њујорк и во многу други градови.