Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Бока: Ќе помогнеме да се забрза процесот за членство на Македонија во ЕУ

Предлогот Унгарија да помогне во решавање на билатералните проблеми кои се пречка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлогот Унгарија да помогне во решавање на билатералните проблеми кои се пречка на македонскиот пат кон ЕУ е се уште на маса. Унгарскиот министер за европски прашања е дециден дека поддршката е голема, а дека Западен Балкан е фокус, се покажало и за време на претседателствувањето на неговата земја со ЕУ која проширувањето го ставила високо на агендата.

Oвие тонови од Унгарија, како земја членка на ЕУ, и даваат ветер во грб на македонската влада да продолжи по патот кон полноправно членство во Блокот, до толку повеќе што земјата е подготвена со нас да ги сподели сите искуства околу напредокот и реформите, за процесот да го поминеме полесно.

Постои силно стратешко партнерство меѓу Унгарија и Македонија кое се темели на споделени вредности и замени интереси, а тоа се однесува и на прашањата на евроинтеграцискиот процес. За време на унгарското претседателство со ЕУ, се обидовме и успеавме да го ставиме во преден план проширувањето, помогнавме за усвојување на реформската агенда за земјата, како и за влезот во СЕПА- единствената област на плаќања во евра, што исто така ќе биде голем исчекор за Македонија, рече Бока.

Реклама

Бока потсети на заедничките меѓувладини седници во Охрид и во Будимпешта, а нов исчекор во билатералните односи меѓу двете земји е, и денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој меѓу другото треба да и помогне на Македонија во искористувањето на европските фондови.

Овој Меморандум според министерот за европски прашања Муртезани на билатералната соработка и дава позасилена динамика. По потпишувањето на Меморандумот за соработка, следна фаза ќе биде утврдување на работниот план за активностите на двете страни што ќе биде финализирано на следната средба во Будимпешта .

Вашата постојана гласна и принципиелна поддршка за интегрирањето на Македонија и Западен Балкан во Унијата што побрзо е вистински пример за пријателство во пракса. Круна на таа посветенопст е денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој поставува цврста рамка за долгорочно и структурирано партнерство во областа на европските интеграции. Со потпишувањето на овој Меморандум на нашата веќе блиска соработка и даваме институционална димензија и стабилна рамка. Овој документ не претставува само формализирана административна алатка туку е израз на нашата заемна посветеност за продлабочувањето на партнерството, рече Муртезани.

Македонската влада, преку спроведување на неопходните реформи покажува силна волја за европските интеграции порача Муртезани, кој ја поздрави силната поддршка на Унгарија и подготвеноста да ја сподели својата експертиза.

https://youtu.be/eLOKNq9VFlY