Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикатите постојат за заштита на работничките права, а не за да може Деаноски да се луксузира на Јадранот

Трпе Деаноски, претседателот на гранковиот синдикат УПОЗ, кој инаку е и член…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трпе Деаноски, претседателот на гранковиот синдикат УПОЗ, кој инаку е и член на претседателството на ССМ, избрал луѓе блиски до СДСМ кои се членови на синдикатот и организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора кои чинеле 60.000 евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Привилегирани лица добиле можност да учествуваат на овие спортски игри, иако УПОЗ брои над 3.000 членови. Разочарани членови на синдикатот кажаа дека предност добиле лица кои се блиски до СДСМ.

За ова Деаноски во јавноста почна да шири празни флоскули и демагогии.

Реклама

Раководството на ССМ продолжува да покажува дека веќе се оддалечува од членството. Наместо да се борат за правата на работниците, целосно го имаат запоставено значењето на синдикатот и што тоа значи. Затоа, ССМ секојдневно губи се повеќе членови и затоа се повеќе го губи легитимитетот.

Синдикатите постојат за заштита на работничките права, не постојат за членови на претседателството на ССМ да се луксузираат на Јадранот на грб на работниците, кои плаќаат чланарина, за Деаноски да може чланарината да ја троши на спортски игри каде учествуваат само привилегираните.