Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Манасиевски: Филипче ја прифаќа бугарската рамка, прво уставни измени, потоа отворање на идентитетските прашања

Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за власт, амнестија и моќ, кога се во прашање македонските национални интереси. Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет. Тој само сака прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба, мислејќи дека само така ќе дојде на власт.

Филипче како специјален бугарски пратеник на Румен Радев, ги синхронизира неговите ставови со Бугарија и ја претставува Македонија како проблем, а бугарските барања како европски услов.

Реклама

Истата реторика ја слушаме и од Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, кој е персона нон грата во Македонија, а неговата организација во Македонија дејствува со пораки насочени против македонскиот идентитет, со негирање на македонската посебност и со обиди македонската историја да се прикаже како бугарска.

Венко Филипче е на иста линија и со бугарската министерка на Радев, Петрова Чамова. И двајцата повторуваат дека Македонија преговара со Европската Унија, а не со Бугарија. Но, вистината е јасна, а таа е дека токму Бугарија, водена од свои историски и политички интереси, ја блокира и ветоизира Република Македонија на патот кон ЕУ.

За таа цел, бугарските власти со години ги бараат и ги користат слабите точки во македонската политика. Прво тоа беа Зоран Заев и Димитар Ковачевски, а денес таа улога ја презема Венко Филипче. Наместо да ги бранат македонските позиции, тие прифаќаат туѓи диктати на штета на сопствената, македонската држава.

Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи обезличување на македонскиот идентитет. Историските личности кои твореле, кои го описменувале регионот и се бореле за создавање македонска држава не смеат да бидат предмет на политички пазар.