Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват

Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата, вели премиерот Христијан Мицкоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интеграција во Европската унија.

Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува, како што рече, да слушне повеќе за овие концепти и идеи.  

– Тие размислувања и идеи ги слушаме подолго време, не би можел да зборувам ништо додека не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон минатата година и јас тоа го коментирав тогаш – дека ќе се случуваат нови предлози, нови можности во регионот, итн.  Она што можам да го кажам во овој момент е дека сме љубопитни да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа, претпоставувам, ќе се случи на самитот во Тиват од 4-ти до 5 јуни, јас ќе бидам таму.  Со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и овие идеи. Откако ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме  во јавност, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на трговски центар во Гевгелија.