Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Во Општина Илинден се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“

Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“.

Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. Настанот беше збогатен со изведба на големо интернационално оро кај кружниот тек, по што програмата продолжи во Домот на култура „Илинден“.

Настапија фолклорни ансамбли од Србија, Бугарија, Чиле и Босна и Херцеговина, како и домашните ансамбли КУД „Гоце Марковски“ и АНПИ „Илинден“, кои преку богата програма ја претставија традицијата, музиката и фолклорното наследство на своите земји.

Реклама

На фестивалот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на учесниците им додели подароци и плакети со грбот на Општина Илинден, како знак на благодарност и признание за нивниот придонес во зачувување и промоција на културните вредности.

– Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“ има за цел преку фолклорот да ги поврзе народите, да поттикне нови пријателства и да придонесе кон зачувување на традицијата и културното наследство. Воедно, фестивалот претставува можност младите генерации да се запознаат со македонскиот фолклор, култура и обичаи, но и со традициите на другите земји – истакна градоначалникот Герогиевски.