Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини

Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, Константинос Гулекас во однос на ситуацијата на граничните премини Кипи и Евзони по имплементирањето на ЕЕС системот.

На широкиот работен состанок во Солун со учество на претставници на надлежните институции, безбедносните служби и локалните власти, Гулекас нагласил дека континуирано се зголемува туристичкиот и трговскиот сообраќај кон Грција, а „со европската директива за проверка на биометриските податоци на секое лице што влегува или излегува од земјата се создаваат дополнителни доцнења за време на неопходните полициски контроли“.

Додал дека состанокот имал за цел и целосна координација на сите инволвирани, додека пак одлуките за новите мерки, односно дополнителното зајакнување на информатичките системи и можноста за изградба на привремени технички решенија, како што соопштија од Министерството, „веднаш се пренесуваат на терен“.

Реклама

Поконкретно, за денеска се закажани посети на специјални тимови на граничните премини Евзони, кон нашата земја и Кипи, кон Турција „со цел да ја разгледаат непосредната примена на дополнителни мерки што беа дискутирани на состанокот“.

Во тимовите ќе бидат вклучени претставници од Децентрализираната администрација Македонија – Тракија, од перифериите Централна Македонија и Источна Македонија – Тракија, од полицијата, од царинските служби, како и од надлежните општини.

Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис вчера од Халкидики посочи мора да ја имплементираат европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“.

Објасни дека прашањето со биометриската регистрација на границите има два аспекти, едниот е самиот процес, а другиот, застарената грчка инфраструктура.