Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Бојковска: ВМРО-ДПМНЕ спроведува суштински реформи и работи на исполнување на реформската агенда 

„По однос на прашањето за референдум, односно прашањето коешто го наметна лидерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„По однос на прашањето за референдум, односно прашањето коешто го наметна лидерот на опозицијата, Венко Филипче е прашањето: дали сте за ЕУ. Ќе се потсетиме дека ние имавме исто такво референдумско прашање со владата на Заев, и тука апсолутно можам да истакнам дека прашањето е апсолвирано, бидејќи оваа Влада недвосмислено одговара и кажува и докажува, со факти и со аргументи, не само декларативно дека е за влез во ЕУ.  Со конкретни чекори, еве веќе и од меѓународни институции, и од Европската комисија се истакнуваат чекорите кои не придвижуваат до европската интеграција“, истакна Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Бојковска, европската интеграција пред се значи спроведување на суштински реформи во интерес на граѓаните и исполнување на реформската агенда.

„За мене, интеграција во ЕУ пред се  означува носење на реформи дома, реформи за граѓаните, исполнување на реформската агенда. За мене е големо признание што нашата држава има одобрување од Европската комисија за 65,7 милиони евра во коишто сме повторно фронтранери по однос на исполнување на реформската агенда, го чекаме јунскиот извештај во којшто повторно очекуваме овој износ да се дуплира по однос на исполнување на реформите“, посочи пратеничката Бојковска.

Реклама

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ презема вистински чекори за влез во ЕУ, преку носење на реформски закони и спроведување на конректни политики.

„Ако некоја влада и ако некое парламентарно мнозинство прави вистински чекори за влез во ЕУ, тоа е оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и парламентарното мнозинство како значаен чинител со носење на реформските закони во Собранието и низа други активности коишто се признаени од страна на ЕУ. Можам да го потенцирам  тука и Договорот  за одбрана и безбедност со ЕУ којшто исто така за мене е приближување кон ЕУ“, децидна е Бојковска.