Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова, ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија

Венко Филипче и министерката за надворешни работи на Бугарија се на ист…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и министерката за надворешни работи на Бугарија се на ист став, велат дека преговарале за Македонија со Европа, а не со Бугарија, се вели соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Но, Венко Филипче исто така цврсто стои на ставот оти смета дека треба да се спроведат уставни измени без никаква гаранција за Македонија на евроинтегративниот пат.

Ова би му дозволило на Бугарија и понатаму да ја ветоизира Македонија.

Реклама

 Филипче исто така е на ист став со Виктор Стојанов од Фондацијата ,,Македонија“, која има за цел во Македонија да шири бугарска пропаганда, говор на омраза кон Македонците и да го негира македонскиот идентитет.

Ова беше јасно откако во јавноста излезе фотографија од Рубин Земон на тркалезна маса со истиот тој Виктор Стојанов. Земон беше дел од Извршниот одбор на СДСМ, поставен од Филипче, а човек на Заев, и јавно изјави дека за него Гоце Делчев е небитен.

За ниедна од двете ситуации поврзани со Рубин Земон, Филипче не кажа ништо, ниту се огради од него.

Ставовите на новиот премиер на Бугарија, Румен Радев, се јасни, дека македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот, македонските револуционери се Бугари, и дека македонскиот и бугарскиот народ се ист, само во две држави.

Граѓаните неколкупати испратија пораки на избори до СДСМ и Филипче. Наместо да се занимаваат со бугаризација на Македонија, со релативизирање на македонскиот идентитет, и да се обидуваат да го продадат тоа како некоја европска приказна, СДСМ и Филипче да почнат да се занимаваат со работите дома.

Затоа што од позиција на опозиција, Филипче не може да одлучува за иднината на државата, кога тој беше дел од структурите кој ја донесе до оваа позиција и го блокираше евроинтегративниот пат.