Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Шарениот свет на јубилејниот „Мал Битолски Монмартр“ во Бигорски манастир

Во рамките на јубилејното 45. издание на светската детска ликовна колонија „Мал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на јубилејното 45. издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“, млади уметници од повеќе земји и култури од светот, повторно пристигнаа во Бигорски, за преку различни ликовни техники и со својот непосреден творечки израз да ја доловат неговата духовна, природна и архитектонска убавина. 

-Во Бигорски, творечкиот порив доби особено возвишена рамка. Манастирската архитектура, конаците, каменот, дрвото, тремовите, храмот и планинскиот амбиент, пред младите уметници се открија како жива книга на убавината. Секој од нив, според својата возраст, талент и внатрешно чувство, се обиде да го долови она што не се гледа само со очите: мирот на Светилиштето, достоинството на просторот, светлината што тивко паѓа врз ѕидовите и онаа особена духовна атмосфера што Бигорски ја носи како печат низ својата илјадагодишна историја, информираше Архимандрит Кирил.

Според него посебна радост за учесниците била и срдечната средба со владиката г. Партениј – човек кој длабоко ја чувствува и ја љуби уметноста, особено кога таа извира од чистото детско срце. Тој со татковска љубов ги благослови делата на младите уметници и ги поздрави нивните наставници и организаторите на колонијата. 
 
На крајот од работниот ден, стручната жири-комисија ги избра најуспешните дела создадени во Бигорски. Наградени беа Вукан Словиќ од Белград, Србија, за дело изработено во техника темпера, Зејнеп Бејза Алтунтас од Трабзон, Турција  за дело изработено во техника туш, Мара Мона Стојановиќ од Цетиње, Црна Гора за дело изработено со рапитограф и Нг Суи Хин Цедрик од Хонг Конг, Кина за дело изработено во техника сув пастел.

Реклама

-Нека јубилејниот „Мал Битолски Монмартр“ продолжи да вдахновува генерации млади уметници ширум светот, а Бигорската свештена обител секогаш да остане отворена прегратка за секое срце што ја бара убавината, добрината и светлината, порача отец Кирил.