Реклама
Македонија

Заедничка прослава на верскиот празник Курбан Бајрам во Куманово

Вработените и раководниот кадар на СОУ „Перо Наков“ во Куманово денеска организираа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените и раководниот кадар на СОУ „Перо Наков“ во Куманово денеска организираа заедничка прослава по повод верскиот празник Курбан Бајрам во спортската сала на училиштето во поранешната касарна во Бедиње, каде учениците од албанските паралелки посетуваат настава на мајчин јазик.

На прославата присуствуваше и помошник-раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, информирање, односи со јавноста и информатичка технологија, Фатос Аќифи, заедно со претставници од општинската администрација, членови на Советот на Општината, образовни и локални институции, како и претставници на граѓански здруженија и организации.

Од училиштето посочија дека празничната атмосфера уште еднаш ги истакнала традиционалните културни вредности, хуманоста и сплотеноста меѓу граѓаните, кои меѓусебно се почитуваат и поддржуваат во градењето на достоинствен живот и просперитет во мултиетничката заедница.