Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Македонија

Во Карбинци утре авионско прскање против комарци

Авионско третирање против комарци утре ќе спроведе општина Карбинци на повеќе локации.Акцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Авионско третирање против комарци утре ќе спроведе општина Карбинци на повеќе локации.Акцијата ќе се реализира во раните утрински часови, од 5 до 8 часот, а ќе бидат опфатени околу 300 хектари долж речното корито на Брегалница, оризовите полиња кај Крупиште и неколку речни текови во Општината.

Од локалната самоуправа апелираат до пчеларите навремено да ги затворат кошниците за да се заштитат пчелните семејства од влијанието на средството со кое ќе се врши третирањето. Во случај на дожд или неповолни временски услови, акцијата ќе биде одложена за наредниот ден.

-Третирањето ќе се извршни на површина на површина од 300 хектари и тоа: 200 хектари (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница со почеток од река Злетовска до селото Чардаклија), односно стар Караорман во должина околу 10 километри, потоа 30 хектари оризни полиња под село Крупише, 25 хектари по течението на Таринска/Раданска река (50 метри лево и десно од речното корито) од уливот на река Брегалница до над село Радање-соопштуваат од општина Карбинци.
Авионското прскање против комарците ќе опфати и територија по течението на Козјачка река, како по течението на Аргуличка/Црвулска река. 

Реклама

-Се известуваат пчеларите во времето на третирањето и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на плените семејства, апелираат од општина Карбинци.