Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Македонија

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“.

По тој повод, беа испратени честитки и пораки за поддршка до четворицата матуранти и една полуматурантка, кои денес затвораат едно важно животно поглавје и започнуваат ново.

-Матурата претставува симбол на растење, вложен труд, надеж и нови почетоци. Денешниот ден е доказ дека со љубов, грижа и вистинска поддршка, секое дете може да ја изгради својата иднина, да сонува големо и да верува во себе – беше истакнато на настанот.

Реклама

Во обраќањето беше нагласено дека секое дете заслужува да расте во средина исполнета со љубов, сигурност и поддршка, а посебна благодарност и почит им беше изразена на воспитувачите, негувателите и сите вработени кои низ годините биле потпора и второ семејство на децата.

На матурантите и полуматурантката им беше порачано да бидат горди на својот пат, на сите предизвици што ги надминале и на успесите што ги очекуваат во иднина.

Воедно беше потенцирано дека грижата за децата не завршува со еден настан или честитка, туку продолжува преку конкретна поддршка, посветеност и заедничка заложба за подобра иднина за секое дете.

На крајот од настанот, беа упатени искрени честитки по повод матурирањето и полуматурирањето, со желби за многу успех, среќа и исполнети соништа во животот.