Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Македонија

Манасиевски: Уставните измени не се последниот услов, Бугарија има пошироки барања кон Македонија, а Филипче е спремен да ги поддржи

Очигледно е дека единствениот кој безрезервно им верува на пораките на Румен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очигледно е дека единствениот кој безрезервно им верува на пораките на Румен Радев дека уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија е токму специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Премиерот на Бугарија, Румен Радев излегува во јавноста и вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари, дејци како браќата Миладиновци исто така дека се Бугари, како и основоположниците на словенската писменост Кирил и Методиј, како Климент и Наум Охридски дека се дел од бугарската историја, осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија Венко Филипче нема.

Румен Радев вели дека македонскиот јазик постои од 1945 година, Филипче не осудува. Румен Радев вели дека македонскиот идентитет постои од 1945 година, Филипче не осудува. Радев вели дека пред 1945 година сме биле Бугари, Филипче не осудува. Македонската историја надалеку позната и прочуена како бугарска, Румен Радев ја претставува како бугарска, а Филипче не осудува.

Реклама

Почитувани граѓани, Зошто ова што го говориме е многу важно? Затоа што вие имате право да знаете какви отстапки би следеле понатаму доколку СДСМ и Филипче повторно добијат можност да одлучуваат за државните позиции.

Од авион се гледа дека Бугарија има пошироки барања кон Македонија кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство, а не само за внесување на неколку илјади Бугари во Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт.