Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Инфраструктурата во Маврово и Ростуше продолжува да се модернизира, градоначалникот Јакупоски и пратеникот Џафери на увид на терен

Локалната инфраструктура во Општина Маврово и Ростуше продолжува да се модернизира со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалната инфраструктура во Општина Маврово и Ростуше продолжува да се модернизира со засилено темпо.  
 
– Во тие рамки успешно заврши втората фаза од капиталниот проект за рехабилитација, проширување и асфалтирање на улица во село Скудриње, кој беше реализиран со финансиска поддршка од македонската Влада со кофинансирање на дел од средствата од буџетот на општина Маврово и Ростуше, информираа од општината. 

По повод финализирањето на градежните активности, градоначалникот на општината,  Онер Јакупоски, заедно со пратеникот Мевмед Џафери, извршија теренска посета на овој исклучително значаен инфраструктурен објект.

– Соработката помеѓу локалната самоуправа и централната власт дава конкретни и видливи резултати во интерес на граѓаните. Со проширувањето и комплетното асфалтирање на оваа улица во Скудриње, не само што го решаваме долгогодишниот проблем со пристапноста, туку и значително ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот, изјави градоначалникот Јакупоски. 

Реклама

Пратеникот Џафери изрази задоволство од ефикасноста при реализацијата на проектот и потенцираше дека поддршката од Владата за Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи и во иднина, со цел обезбедување рамномерен развој и подобри услови за живот во сите населени места. 
 
– Новата патна инфраструктура во село Скудриње значително го олеснува секојдневието на жителите, а Општина Маврово и Ростуше уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон исполнување на ветувањата за модерна и функционална општина, наведуваат од општината.