Реклама
Прилози

Законот за високо образование следната недела влегува во Собрание, во новата учебна година дигитални свидетелства од 1 до 3 одделение

Закон за високо образование од наредната недела ќе влезе во собраниска процедура.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Закон за високо образование од наредната недела ќе влезе во собраниска процедура. Министерката Јаневска појасни дека трите закони за Високо образование, за Квалитет и за Научна истражувачка дејност ќе одат во пакет, а голем дел од забелешките на експертите се прифатени. Министерката појасни дека останува да се доработи уште само Законот за наука.

„Трите закони мора да одат во пакет, како што постојано кажувам. Законодавство ги заврши два закони, има забелешки, кои не се суштински, но се повеќе од правен и монотехнички аспект  и ние сега, тоа се вика усогласување, ги прифаќаме или не ги прифаќаме, сметам дека она што го видов, не е проблем да ги прифатиме сите, законот за наука се уште се обработува, очекувам  во текот  на идната недела комплетно да бидеме  усогласени, тоа е веќе владина процедура и штом се усогласиме со законодавство, тоа  значи ја имаме последната верзија таа ќе оди на владина седница“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Од оваа година во функција се ставаат и електронските свидителства од прво до трето одделение. На овој начин се очекува значително да им се олесни работата на наставниците, затоа што повеќе нема да мора да ги пишуваат рачно. Јаневска објасни дека ова е голем напредок во дигитализацијата на образованието затоа што системот за упис во средно ќе ги влече и податоците од основните училишта.

Реклама

„И оваа година одиме паралелено, од догодина ги додаваме новите три одделение четврто, петто шесто и догодина ќе одиме само електронски сведителства, за третата година да го завршиме и деветто. Со нив заштедуваме на хартија, намалуваме загадување, ја олеснуваме работата на наставниците и дополнително системот за упис во средно ќе ги влече податоците од самите училишта“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Инаку Министерството потпиша меморандум за соработка со два реномирани универзитети од Германија, под покровителство на ГИЗ. Станува збор за универзитетите од Келн и Хаген, кои подолг период работат во областа на циркуларната економија, зелената трансформација и повторната употреба на градежни материјали. Со оваа соработка се очекува пренесување на германските искуства и практики во домашното високо образование, особено во делот на градежништвото.