Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Македонија

Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложбата „Mind(e)scapes“ на Асоцијацијата за култура ИКОН 

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб вчеравечер беа претставени дела на четворица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб вчеравечер беа претставени дела на четворица современи македонски уметници — Ѓорѓе Јовановиќ, Јасмина Главинче, Владимир Лукаш и Вук Митевски — кои преку цртеж, слика, графика, илустрација и анимациски имагинариум ги истражуваат внатрешните пејзажи, личните состојби, сеќавањата и фрагментите на современото искуство.

На отварањето на изложбата „Mind(e)scapes“ на Асоцијацијата за култура ИКОН, се обрати директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, која нагласувајќи ја улогата на уметноста како средство за комуникација, интроспекција и општествена рефлексија ја истакна важноста од претставувањето на современата македонска уметност пред меѓународната публика.

Како што соопшти македонскиот КИЦ во Загреб, Ѓоргоска Илиевска посочи дека изложбата „Mind(e)scapes“ преку цртежот, графиката и визуелната поетика воспоставува релација меѓу четири различни, но комплементарни авторски пристапи преку кои се создава дијалог меѓу индивидуалните поетики на авторите и поширокиот културен контекст.

Реклама

Кураторката на изложбата, Марија Коробар,  претставувајќи го концептот на изложбата и уметничките поетики на авторите истакна дека „изложбата е замислена како простор на внатрешни пејзажи, лични слики, сеќавања, фрагменти, хумор, тишина и имагинација“.

– Насловот Mind(e)scapes игра со поимите mindscapes и escapes, отворајќи можност да размислуваме за уметноста како ментален простор, но и како бегство од секојдневното. Изложбата се фокусира на менталниот пејзаж како уметнички мотив и истражувачка алатка – како визуелизација на процесот на размислување, чувствување и спознавање, истакна кураторката Коробар.

 Изложбата е дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржана од Министерството за култура и туризам и ќе биде отворена до 2 јуни.