Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Фолк Фест Валандово 2026: Два дена посветени на македонската песна

Денес и утре, 26 и 27 мај, Валандово ќе биде центарот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес и утре, 26 и 27 мај, Валандово ќе биде центарот на македонската песна со 39. издание на „Фолк Фест Валандово“.

Вечерва, 26 мај, на плоштадот во Валандово, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи претфестивалска вечер посветена на најголемите валандовски хитови, музичката носталгија и песните што со години живеат меѓу публиката.

На сцената ќе настапат Блага Петреска, Елена Велевска, Кате Соната, Христијан Божинов – Кико, Мишко Крстевски и Марјан Коцев, а вечерта ќе заврши со мини концерт на Влатко Миладиноски.

Реклама

Претфестивалската програма ќе биде реализирана како ревијално музичко шоу, во кое песните ќе се надоврзуваат низ солистички настапи, дуети и заеднички изведби. Публиката ќе има можност да ги слушне и да ги отпее најпознатите валандовски хитови, меѓу кои „Лична Валандовчанка“, „Каде сте Македончиња“, „Бабино девојче“, „Доме мој“, „Срце бакшиш“, „Пеам да не заплачам“, „Жал за Деспина“, „Ако одам во Битола“ и антологиската „Бисер балкански“.

За музичката придружба ќе се погрижи оркестарот од емисијата „Мерак меана“ на Сител телевизија.

Големата фестивалска вечер ќе се одржи утре, 27 мај, во салата „Јанко Узунов“, со почеток во 20.30 часот. Пред публиката ќе бидат изведени 20 нови композиции, под диригентската палка на проф. д-р Илчо Јованов.

Фестивалската вечер ќе се емитува во живо на МТВ 1.

Влезот за претфестивалската вечер на плоштадот е слободен.

Валандово и оваа година останува градот на песната, а „Фолк Фест Валандово“ уште еднаш ќе ја обедини публиката околу македонската музика и традиција.