Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

ЗНАМ бара итни и редовни инспекции на сите градилишта во Центар

Откако вчера се скрши стомната во срцето на Општина Центар, откако пропадна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако вчера се скрши стомната во срцето на Општина Центар, откако пропадна тротоар и падна бандера врз автомобил, видовме како градоначалникот Горан Герасимовски истрча на терен, глуми загриженост и експресно изрекува казни. Како народна изрека вели: откако ќе се скрши стомната, ќе стоиме покрај неа и ќе пишуваме казни. Е па, тогаш ќе поднесете сметка за штетата, но ќе биде доцна, стои во соопштението од ЗНАМ.

Додека градоначалникот си ги исплаќа долговите од изборната кампања и штанца градежни дозволи како на индустриска лента за производство на чоколадо – со што неговиот живот е добро заблажен – безбедноста на граѓаните на Центар му е во втор план. Неговите инспекции се исклучиво задоцнети реакции за гасење пожар и дефокусирање на јавноста. Не треба да се случи несреќа за општината конечно да се сети дека треба да изрекува казни!

Она што гласно го зборувавме во предизборната кампања, дека Општина Центар под раководство на Герасимовски агресивно и небезбедно се бетонизира, продолжува и бескрупулозно се исполнува под негова палка. Гледаме како на Водно граѓаните со денови протестираат бидејќи населбата им стана небезбедна за живеење. Гледаме како пропаѓаат тротоари поради необезбедени градилишта. Продолжуваме да ја гледаме општината заглавена во смет и хаос, а Герасимовски сега го нема со ракавиците да излезе и да им помага на хигиеничарите. Како граѓани, со право се прашуваме: што е следното што треба да ни се случи? Дали треба некој да настрада за општината да свати дека инспекциите треба да работат секојдневно, а не само за ПР пред камерите?

Реклама

„Медениот период“ за градоначалникот заврши. Од денес, неговата работа е под строга лупа. Општина Центар не е приватна фирма за исполнување желби на инвеститори, туку општина на граѓаните! Наместо инцидентни и задоцнети контроли за смирување на јавноста, потребен е систем.

Затоа, како советничка група на Движењето ЗНАМ: Бараме ВЕДНАШ да се започне со редовни, но и вонредни инспекциски надзори на СИТЕ активни градилишта на територијата на Општина Центар во рок од еден месец, за да се утврдат пропустите пред да настане нова катастрофа.

Бараме сите овие извештаи да бидат јавно и транспарентно објавени на веб-страницата на општината.
За ова наше барање, со кое ќе се воведе систем на постојана контрола, а не ад-хок ПР акции, уште на следната седница на Советот ќе поднесеме официјална иницијатива.

Ги повикуваме сите советници, без разлика на партиската припадност, да ја поддржат, бидејќи безбедноста нема партиска
книшка.

Центарци заслужуваат да се чувствуваат безбедно во своите домови и на своите улици секој ден, а не само откако медиумите ќе објават скандал.