Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Демократски сојуз: Светите Кирил и Методиј – траен извор на национална гордост на Македонците

По повод 24 Мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, Демократски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 24 Мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, Демократски сојуз упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија. Денес оддаваме почит на великото дело на светите браќа од Солун, сесловенските просветители кои со создавањето на словенската писменост ги поставија темелите на духовниот, културниот и просветниот развој на македонскиот и на другите словенски народи. Нивната мисија беше мисија на знаење, просветлување и човечко достоинство – вредности што и денес се темел на секое напредно и демократско општество, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

За македонскиот народ, делото на Кирил и Методиј претставува траен извор на национална гордост, културен идентитет и духовна сила. Преку писменоста и образованието, тие ни оставија наследство кое векови наназад го чува нашиот јазик, традиција и самобитност.

На овој голем празник, да продолжиме да ги негуваме знаењето, образованието, културата и почитта кон македонскиот јазик како најсилни столбови на нашата иднина.

Реклама

Нека е честит 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј!