Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Почитувани, СДСМ е единствената партија која паушално обвинува за наместен тендер кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, СДСМ е единствената партија која паушално обвинува за наместен тендер кој воопшто не се реализирал затоа што договор нема. Очигледно е дека директно застапуваат некоја од страните заинтересирани за тендерот.

Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки.

Согласно процедурата, до Министерството за транспорт пристигнаа 4 понуди кои беа предмет на евалуација. Иако тендерот пропадна, во интерес на јавноста би сакале да ги објавиме понудите и причините за отфрлање на секоја од нив. Пристигнаа четири понуди од понудувачите:

Реклама

Кинеската компанија Актрус со автобуси Кинг Лонг во вредност од 50 700 000 € без ДДВ, унгарско-австрискиот конзорциум Електробус Икарус- ЕВН во вредност од 50 600 000 € без ДДВ, кинеската компанија Жонг Тонг во вредност од 50 600 000 € без ДДВ и турската компанија БМЦ во вредност од 59 200 000 € без ДДВ.

Поединечните цени по автобус без полнач се: Електробус/Икарус: 314 000 €, Актрус/ Кинг Лонг: 324 000 €, Жонг Тонг: 327 000 € и БМЦ: 385 000 €. Од ова се забележува дека сите цени се приближно исти, односно нема разлика од 12 милиони евра.

Затоа бараме јавно извинување од СДСМ, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета.
Сакаме да информираме дека трите компании не ги исполнија условите за избор. Компанијата Актрус/ Кинг Лонг не достави валидна банкарска гаранција, со што понудата беше невалидна, Жонг Тонг исто така имаше невалидна банкарска гаранција, додека компанијата БМЦ воопшто не достави банкарска гаранција и не ги исполни техничките услови. Додека за Електробус Икарус ЕВН второстепената комисија за жалби по јавни набавки утврди дека одговорот за соработка помеѓу Икарус и ЕВН хартиено е потпишан, но не и електронски и затоа го поништи тендерот.

Се наметнува и прашањето зошто во денешната прес-конференција СДСМ излегува во одбрана на кинеска компанија? Имено, дописот кој го покажуваат е од кинеската Актрус/Кинг Лонг, чијашто понуда е невалидна, но и како таква не е за 12 милиони евра поевтина. Дали СДСМ одработува за странски интереси и зошто? Или мотивот е локален и се крие зад локални пробисвети и криминалци? Тоа се прашања за СДСМ.