Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Кобниот судар отвори дилема: Дали 76-годишници треба да возат камиони?

Неприлагодена брзина и губење контрола над тешкиот камион – се главните причини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неприлагодена брзина и губење контрола над тешкиот камион – се главните причини за кобната сообраќајна несреќа во која загинаа четири луѓе. Според проценките на обвинителството, 76 годишниот возач на камионот не успеал да го контролира возилото ја пробил металната ограда, преминал во спротивната лента и директно се судрил со автомобилот „БМВ“, кој се движел во својата насока. По силниот удар, двете возила се запалиле. Јавното обвинителство го гони возачот на камионот за тешко кривично дело против безбедноста на луѓето. Бидејќи возачот е странски државјанин, а постои опасност да избега, обвинителите побараа тој да оди во притвор.

“Јавниот обвинител го товари 76-годишниот возач за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот (член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор” – се вели во соопштението од ОЈО.

Трагичната несреќа што однесе четири животи отвори сериозно прашање – дали 76-годишен возач треба да управува со тежок камион? Докторите предупредуваат дека возраста и хроничните болести можат сериозно да влијаат врз способноста за управување со тешки возила.Д-р Бојан Трајковски вели треба да има прецизни закони, построги контроли за повозрасни возачи на камиони и автобуси, за да не се повторуваат вакви фатални несреќи.

Реклама

Во Македонија нема граница на години до кога едно лице може да управува возило, сепак членот 304 од законот за безбедност на сообраќајот на  патиштата регуилира дека над 70 години, возачка се издава до 75 годишна возраст и потоа се обновува повторно со рок од важење од 5 години. Тој рок може да биде и пократок по мислење од лекар.