Реклама

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Македонија

Во Пехчево започнува реконструкција на општинската зграда за поголема енергетска ефикасност

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денеска  потпиша договор за отпочнување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денеска  потпиша договор за отпочнување на реализацијата на проект за реконструкција на административната зграда на општината, со цел спроведување мерки за енергетска ефикасност.

Проектот претставува дел од стратешките заложби на општината за создавање „зелен град“ и унапредување на грижата за животната средина.

-Со реконструкцијата се предвидува подобрување на енергетските перформанси на објектот, намалување на потрошувачката на енергија и создавање подобри услови за работа на административните служби, истакна Китански во својата објава на фејсбук.

Реклама

Од општината посочуваат дека ваквите инвестиции се значаен чекор кон одржлив локален развој и подигнување на еколошката свест.

-Воедно со оваа активност ќе се придонесе и за намалување на трошоците за енергија и заштита на животната средина, велат од Општина Пехчево и најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со реализација на проекти насочени кон енергетска ефикасност, модернизација на јавната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.