Реклама

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Македонија

МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло.

Со Меморандумот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на јавната свест, зајакнување на превентивните механизми и подобрување на институционалниот третман на жртвите и нивните семејства.

– Ова претставува заедничка определба трагедиите да не се повторуваат, човечкиот живот да биде највисок приоритет, а институциите, заедно со граѓанскиот сектор, да создадат посилен и поефикасен систем на превенција, заштита и поддршка, истакнал министерот Тошковски.

Реклама

Во рамки на соработката предвидено е организирање на заеднички кампањи за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот, јакнење на превентивните механизми, поддршка на жртвите и нивните семејства, како и унапредување на довербата во институционалното постапување.

– Продолжуваме со имплементација и надградба на системот Safe City, но и со нови превентивни политики чија цел е навремено препознавање на ризиците и спасување човечки животи, нагласил Тошковски.

Министерот потсетил дека сообраќајната несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница уште еднаш ја потврдува потребата од одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила.

– Министерството за внатрешни работи останува посветено на креирање современи и ефикасни политики за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и заштита на човечкиот живот како највисока вредност, се вели во соопштението од МВР.