Реклама

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Македонија

Во Македонска Каменица одбележана 82-годишнината од смртта на народниот херој Вера Јоциќ

Со пригодна церемонија и положување цвеќе, денеска во Македонска Каменица беше одбележана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пригодна церемонија и положување цвеќе, денеска во Македонска Каменица беше одбележана 82-годишнината од смртта на народниот херој Вера Јоциќ.

Во знак на почит кон нејзиниот лик, дело и жртва, цвеќе беше положено пред споменикот на Вера Јоциќ во Македонска Каменица, каде присуствуваа претставници на Општина Македонска Каменица, членови на Советот на Општината, како и претставници од повеќе локални институции и организации.

Во рамки на одбележувањето, делегации положија цвеќе и пред споменикот на народниот херој во село Саса, оддавајќи почит кон нејзиниот придонес во Народноослободителната борба и нејзината улога во македонската историја.

Реклама

Од Општината истакнаа дека негувањето на споменот за народните херои претставува важен дел од колективната меморија и историското наследство на државата, особено за младите генерации кои преку ваквите настани имаат можност да се запознаат со значајните личности и настани од минатото.

Вера Јоциќ е една од најпознатите учеснички во Народноослободителната борба, а нејзиното име и денес претставува симбол на храброст, пожртвуваност и борба за слобода.

Со денешното одбележување, граѓаните и институциите од Македонска Каменица уште еднаш ја потврдија определбата за зачувување на историското наследство и оддавање почит кон личностите кои оставиле траен белег во македонската историја.