Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, специјалниот пратеник на Радев, е во бунило и конфузен, но супер упорен да одработи предавство во полза на Бугарија

Со внимание ги проследивме прес-конференциите на СДСM и настапите на Венко Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со внимание ги проследивме прес-конференциите на СДСM и настапите на Венко Филипче поврзани со ЕУ-аспирациите на земјата. Сакаат да дадат некаква понуда, но не знаат како, сакаат нешто да кажат, но не знаат да се изразат – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес-конференциите, кои се одвиваат по принципот сакам – кажам, не знам – речам се само одраз на површноста на специјалниот пратеник на Радев во Македонија, Венко Филипче.

Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, всушност, ги брани позициите на Румен Радев во Македонија. Сè што бара Радев од Македонија, бара и Венко Филипче. Од друга страна, самиот дава некаква понуда за кохабитација, па потоа вели не сакам во оваа Влада. А вистината е дека никој не го ни повика во Владата, ниту некој очекува нешто од Филипче, кој во своето делување е киднапиран од Зоран Заев и Румен Радев.

Реклама

Разбираме дека не е никако лесно со толку многу газди над Филипче, но нека се потрудат да избистрат единствен став, кој ќе изгледа сериозно. Венко Филипче е чувар на бугарските ставови во Македонија и чувар на криминалите на Зоран Заев.

Сè додека позициите се такви, Филипче ќе е добар пратеник, но не и добар лидер на опозицијата.