Реклама

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Македонија

Македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Загреб со проекција на „Медена земја“ во Карловац во знакот на културната дипломатија

– По повод Светскиот ден на пчелата, во организација на македонскиот КИЦ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– По повод Светскиот ден на пчелата, во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб, беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното „Едисон“ во Карловац.

Како што соопшти КИЦ Загреб, настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог и темите поврзани со природата и одржливиот развој.

На отворањето на настанот пред публиката се обратија директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорот на турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб, Фуат Коркмаз, како и директорот на „Едисон“, Иван Гојмерац.

Реклама

Во своите обраќања тие ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка, културното поврзување и универзалните пораки што ги носи филмот „Медена земја“ – припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два начини на искористување на природните ресурси.

Филмот „Медена земја“, кој испиша историја во македонската кинематографија со двете номинации за наградата „Оскар“, предизвика голем интерес кај публиката во Карловац, а присутните имаа можност да проследат едно од најзначајните документарни остварувања од регионот.