Реклама

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Македонија

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот  на патиштата упатува апел до сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот  на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата по повод 24 мај денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј и престојниот продолжен викенд, кога се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено на отворените патни правци кон туристичките места.

Со пораката „Вози одговорно – Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.

-Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност, секоја правилна одлука значи спасен човечки живот. Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, ограничувањата на брзината и поставената сообраќајна сигнализација. Не управувајте возило под дејство на алкохол – алкохолот и воланот никогаш не одат заедно. Бидете трпеливи покажете сообраќајна култура и етика во сообраќајот. Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас. Не користете мобилен телефон и други електронски уреди додека учествувате во сообраќајот. Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото. Да го прославиме празникот безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла – „Вози одговорно – Секој живот е важен“ – се наведува во апелот.