Реклама

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Македонија

Јавна трибина: „Држава за сите или плен за малкумина – може ли Македонија да ја победи корупцијата?”

Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ организира јавна трибина на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ организира јавна трибина на тема „Држава за сите или плен за малкумина – може ли Македонија да ја победи корупцијата?” Во дискусијата, како што е најавено, ќе се вклучат експерти, членови на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница и на цивилното општество, за да се развие расправа за корупцијата во Македонија. 

Воведни обраќања ќе имаат универзитетскиот професор, Миодраг Лабовиќ и поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, а трибината ќе ја отвори и модерира Ивица Боцевски, поранешен заменик премиер за европски прашања.

-Дискусијата ќе опфати неколку прашања од посебна важност за борбата против корупцијата, вклучувајќи: Дали институциите се независни или зависни од партиските центри на моќ?

Реклама

Дали антикорупциските механизми функционираат или се декларативни? Дали постои селективна правда во Македонија? Дали сме заглавени во вечна потрага за нов модел за институционална борба против корупцијата? Колку корупцијата ја чини македонската економија? Како да се создаде култура на отчетност? и Како да се воспостави реална политичка одговорност?, информираат од „Радика“.