Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Герасимовски: Центар со поддршка за семејствата во летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 години

Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до десет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до десет годишна возраст, со цел да им излезе во пресрет на семејствата кои во текот на распустот имаат потреба од дополнителна поддршка поради работни обврски, се наведува во соопштението на Општината. 

Пријавувањето, додаваат оттаму, почнува од 21 мај, а родителите треба да достават документација согласно критериумите наведени во правилникот.

Станува збор за програма за дневно згрижување на деца од прво до трето одделение, која ќе се реализира во повеќе клонови на градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“.

Реклама

Во рамки на програмата, децата ќе престојуваат во безбедна и стимулативна средина, каде преку едукативни работилници, креативни активности и содржини соодветни на возраста, ќе бидат вклучени во квалитетно исполнет летен распуст.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, се додава во соопштението, истакнал дека општината продолжува со мерки што директно им помагаат на родителите и децата.

-Оваа мерка преставува значајна поддршка за семејствата во период кога училиштата не работат, а родителите имаат редовни работни обврски. Наш приоритет е децата да бидат згрижени во безбедна, квалитетна и исполнета средина во текот на летниот распуст – порачал Герасимовски.

Бидејќи бројот на места е ограничен и зависи од капацитетите на објектите, Општина Центар ги повикува заинтересираните родители навремено да аплицираат во градинките.