На покана на училиштето Партенија Зографски и здружението ЗЕТА, пратениците од Интерпартиската парламентарна група за лица со попреченост, Ангелинка Петкова, Лидија Петковска, Сашко Јанчев и Дијана Илиевска, денеска учествуваа на работилница на тема: „Предизвици во остварувањето на правата на учениците со попреченост со акцент на насилството и прифаќање на попреченоста како дел од човековата разноликост”.

На настанот беше истакнато дека различностите не треба да бидат пречка туку треба да не поврзуваат, да се почитуваме и вреднуваме.

Учесниците нагласија дека треба да се почитуваат човековите права и да се создава инклузивна средина каде што секој млад човек, без разлика на видот на попреченост, треба да се почувствува прифатен, еднаков и вреднуван.
