Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Стојаноски: На Комисијата за финансирање и буџет се наоѓаат точки што се директно поврзани со функционирањето на државата

Денес, повторно сведочиме на неодговорен и неодржлив пристап од страна на СДСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, повторно сведочиме на неодговорен и неодржлив пристап од страна на СДСМ, Венко Филипче и целокупната опозиција со банални оправдувања дека немало место каде да седнат и слични изговори, само за да не почнеме со работа на Комисијата за финансирање и буџет, се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од денешната изјава за медиумите на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Со денови Венко, СДСМ и целата опозиција го проблематизира заемот, па кога побаравме да биде прва точка на дневен ред и веднаш да ги соочиме аргументите – тие избегаа од соочувањето.

На Комисијата за финансирање и буџет се наоѓаат точки што се директно поврзани со функционирањето на државата, обезбедување средства за реализација на обврските преземени со колективните договори, како и продолжување на капиталните инвестиции.

Реклама

Станува збор за средства со кои треба да се обезбеди навремена исплата и реализација на политики важни за граѓаните – повисоки примања во образованието, здравството и јавниот сектор, изградба и реконструкција на инфраструктура, училишта, болници и други проекти.

Наместо аргументирана дебата, сведочиме на обид за блокада на работата на Комисијата и кочење процеси што се во интерес на граѓаните и државата.

За потсетување на јавноста, Владата на ВМРО-ДПМНЕ само по основ на еврообврзници, кои ги има земено СДСМ, треба да се врати вкупно 2,4 милијарди евра.

За 2026 година вкупниот долг што треба да го сервисира државата е во износ од 2,4 милијарди евра.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволи политички калкулации и дневнополитички интереси да ги загрозат функционирањето на државата и реализацијата на проектите што се важни за граѓаните и ќе ги преземеме сè што е во рамките на Деловникот и законите во интерес на државата.

Ги повикуваме СДСМ и Венко Филипче да покажат одговорност и да овозможат институциите да работат.