Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Муцунски на затворањето на македонското претседателство со AII/EUSAIR: „Напредокот од ова претседателство покажа дека кога дејствуваме заедно, можеме да испорачаме резултати“

Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со одржувањето на 11-от Форум на Јадранско-јонската иницијатива (AII) и Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR), што се одржа во Скопје, државата успешно го заокружи своето едногодишно претседателство со AII/EUSAIR за периодот 2025–2026 година.

Форумот, кој обедини високи претставници на владите, европските институции, регионалните организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и младите, претставуваше значајна можност за потврдување на заедничката посветеност кон европската интеграција, регионалната соработка и одржливиот развој на Јадранско-јонскиот регион.

Во текот на претседателството, Северна Македонија работеше под мотото „Зајакнување на регионалното единство, унапредување на европската иднина“, ставајќи посебен акцент на проширувањето на Европската Унија, подобрувањето на регионалната поврзаност и продлабочувањето на соработката меѓу земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.

Реклама

Усвојувањето на денешната декларација испрати силна политичка порака за значењето на политиката на проширување како геостратешки приоритет на Европската Унија. Декларацијата ја потврдува потребата од кредибилен, предвидлив и на заслуги заснован процес на пристапување, како и од продолжување на реформските процеси и усогласувањето со европските стандарди.

Во рамки на претседателството беше постигнат и конкретен напредок во унапредувањето на транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност на регионот, со што се создаваат подобри услови за економски развој, инвестиции и поголема мобилност на граѓаните и бизнисите.

Државата во текот на својот мандат посвети особено внимание и на инклузивноста и учеството на младите, граѓанското општество и академската заедница, препознавајќи ги како важни чинители во градењето на долгорочна регионална стабилност и соработка.

Во рамки на Форумот свое обраќање имаше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој истакна дека претседателството било „за континуитет и одговорност, но пред сè – за резултати“, додавајќи дека она што започнало во Њујорк прераснало во претседателство фокусирано на реализација, практична соработка и конкретни резултати.

Осврнувајќи се на клучните достигнувања за време на претседателството, министерот Муцунски истакна дека е зајакната европската перспектива на регионот преку континуиран дијалог и координирано дејствување, при што дополнително била потврдена улогата на AII и EUSAIR како важни платформи за поврзување на Европската Унија со земјите кандидати. Воедно, бил постигнат напредок во транспортната, енергетската и дигиталната поврзаност, како и во интегрирањето на приоритети поврзани со дигиталната трансформација, циркуларната економија и отпорноста на регионот. Посебен акцент бил ставен и на инклузивноста, учеството на младите и улогата на граѓанското општество и академската заедница во процесите на одлучување.

Говорејќи за усвоената декларација, министерот Муцунски порача дека таа „не е само резиме на дискусиите, туку израз на заедничка решителност“, потврдувајќи ја посветеноста кон меѓународното право, европските вредности и заедничкото справување со геополитичките предизвици.

На крајот од обраќањето, министерот истакна дека претседателството завршува „со чувство на исполнетост, но и со јасна свест дека работата продолжува“, изразувајќи уверување дека Италија успешно ќе го продолжи процесот во периодот 2026–2027 година. Тој упати благодарност до сите партнери, колеги и пријатели за соработката и посветеноста во текот на годината, нагласувајќи дека „регионот не е поврзан само географски, туку и преку заеднички вредности, заедничка цел и заедничка европска амбиција“.

Со завршувањето на претседателството, Северна Македонија испраќа јасна порака дека регионалната соработка носи конкретни резултати и дека заедничката европска иднина на регионот останува заедничка стратешка определба.

Претседателството со AII/EUSAIR официјално преминува кај Италија за периодот 2026–2027 година. Северна Македонија останува целосно посветена на натамошната поддршка и унапредување на јадранско-јонската соработка и европската перспектива на регионот.