„Доста беше од уставни условувања и идентитетски ултиматуми“ – претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Словенија упати силна порака и предлог до Европа – уставните измени да стапат на сила, но по преговорите со Европската Унија.
Во обраќање на Правниот факултет во Љубљана, таа предупреди дека европскиот пат на државата не смее да се претвори во политички и идентитетски инженеринг, порачувајќи дека ветото мора да се темели на европски критериуми, а не на негирање на македонскиот идентитет.
