Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Во Куманово „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“, видеоприказни посветени на Свети Кирил и Методиј

Основци и средношколци од Куманово денеска преку авторски видеоприказни ја покажаа својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основци и средношколци од Куманово денеска преку авторски видеоприказни ја покажаа својата креативност и почит кон делото на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, во рамки на настанот „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“.  

Во организација на Здружението на просветни работници, а со поддршка на Општина Куманово, денеска се одржа настанот „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“, на кој ученици од основните и средните училишта презентираа видеоприказни посветени на Свети Кирил и Методиј. Организаторите информираа дека станува збор за продолжение на минатогодишните ликовни и литературни работилници, но годинава фокусот бил ставен на видеоформата како начин младите креативно да го изразат својот однос кон просветителството, јазикот и културниот идентитет.

-Годинава здружението одлучи да ги активира и поттикне најмладите – учениците од седмо, осмо и деветто одделение, како и средношколците, да креираат видеоприказни во чест на нашите сесловенски просветители Свети Кирил и Методиј. Учениците, поттикнати од нивните ментори, создадоа прекрасни видеа коишто денес ќе имаме можност да ги проследиме-изјави, претседателката на здружнеито, Анита Димовска.

Реклама

Таа посочи дека видеата ќе бидат оценувани од тричлена жири-комисија според однапред утврдени критериуми, а најдобрите ќе бидат наградени на свечената седница по повод изборот на „Просветен работник на 2026 година“, што ќе се одржи на 2 јуни. Организаторите нагласија дека преку вакви активности сакаат младите да ги користат социјалните мрежи и дигиталните алатки на едукативен и креативен начин, наместо за негативни појави како сајбер-насилството.

-Сликата вреди илјада зборови, а сликите во движење се секојдневие на нашите ученици. Токму затоа одлучивме да ги поттикнеме социјалните мрежи да ги користат на ваков начин, да создаваат, споделуваат и промовираат едукативни содржини – вели Димовска.

Сите видеа ќе бидат објавени на социјалните мрежи на здружението и училиштата, со цел, како што беше речено, „да се шири светлината на словото, просветителството, културата и јазикот“.