Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Средба на потпретседателитe на македонското и црногорското Собрание, Митрески и Цамај

Потпретседателот на Собранието Јован Митрески, оствари средба со потпретседателот на Собранието на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Собранието Јован Митрески, оствари средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на која беше потврдена добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и важноста од понатамошно унапредување на меѓусоседските односи.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, потпретседателот Митрески ја истакна значајната улога на опозицијата во едно демократско општество, нагласувајќи дека сите политички чинители треба заеднички да работат во интерес на граѓаните и развојот на општеството, независно од етничката, верската или политичката припадност.

Соговорниците разговараа и за актуелните предизвици поврзани со измените на Изборниот законик, правичната застапеност на жените и мажите во претставничкиот дом, како и за процесот на евроинтеграција на државата. Во разговорот беше отворено и прашањето за односите со Бугарија, при што беше нагласено дека долгото чекање за членство во Европската Унија придонесува за зголемување на евроскептицизмот, како и за одливот на младите, високообразованите и квалификуваните кадри од државата.

Реклама

Потпретседателот Митрески упати честитки за напредокот на Црна Гора на патот кон Европската Унија и побара поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија.

Двајцата соговорници се согласија дека парламентарната соработка и активностите на групите за соработка меѓу двата парламента имаат особено значење и треба дополнително да се интензивираат, особено во делот на размена на искуства и добри практики поврзани со евроинтегративниот процес.