Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ВЛЕН: Тоа што ДУИ не го реши две децении, ние го решаваме со конкретни чекори

ВЛЕН докажува дека прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВЛЕН докажува дека прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации ниту со политички импровизации, туку со конкретна институционална работа и со целосни и одржливи решенија, се наведува во денешното соопштение од партијата.

Само еден ден откако копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, најавија добри вести поврзани со прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, денес тие веднаш се вклучија во работна средба со премиерот Христијан Мицкоски за унапредување на конкретното решение за овој долгогодишен проблем.

На средбата се разговараше за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит, со јасен фокус решението да биде целосно, функционално и во согласност со Уставот и Законот за употреба на јазиците.

Реклама

За разлика од претходната власт, која повеќе од две децении го држеше ова прашање нерешено и го користеше само за политичка пропаганда, ВЛЕН постапува со одговорност и институционална сериозност за да ги гарантира правата на Албанците во пракса.

ВЛЕН верува дека образованието, правдата и јазичната еднаквост се темел на модерна и праведна држава. Затоа, решенијата нема да бидат половични, туку целосни, применливи и долгорочни, во интерес на студентите и на сите граѓани.