Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Собранието ќе ја почне 102. седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 102. седница, на која на дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи 102. седница, на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања. 

На предложениот дневен ред е предлог-одлука за испраќање припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија – АЛТЕА во Босна и Херцеговина, која претходно ќе биде разгледувана и на Комисијата за одбрана и безбедност. На седницата се очекува да бидат донесени предлог-законот за младински додаток и измените, дополнувањата на Законот за индустриски зелените зони (двата во второ читање) и за фискална стратегија на Македонија за 2027 – 2031 година.  

По скратена постапка се предлага да бидат донесени измени и дополнувањa на Законот за Владата на Македонија, на Законот за медијацијата, на Законот за основното образование, на Законот за средното образование, дополнувањата на Законот за заштита на правата на пациентите и на Законот за здравственото осигурување, предлог-закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, дополнување на законот за јавните патишта, дополнување на Законот за локалната самоуправа, измени на Законот за ученичкиот стандард, измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард, измени на Законот за основање јавно претпријатие „Македонска радиодифузија“, измени на Законот за внатрешните работи, измени и дополнувања на Законот за внатрешните работи, на Законот за полицијата и на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. По скратена постапка ќе се носи и предлог-закон за задолжување на Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентарија, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте груп банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх интернатионал (Merrill Lynch International) по договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање капитални расходи и рефинансирање обврски утврдени во буџетот на Република Северна Македонија. 
 
На дневен ред е и годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Македонија за 2025 година, како и барањата за автентично толкување на член 5 ставови (2) и (3) од Законот за данокот на личен доход поднесено од пратеникот Оливер Спасовски на член 18 став (3) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, поднесено од пратеникот Зоранчо Јованчев, на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници, а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на општина Долнени, со архивски број 08-2005/1 од 15.3.2024 година, на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници, а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на општина Долнени, со архивски број 08-7116/1 од 16.12.2025 година и на член 5, ставови (2) и (3) од Законот за данокот на личен доход, поднесено од пратеникот Димитар Апасиев.