Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

„Сакам да работам“ до „Левица“: Која левичарска партија се залага најмалку 10 илјади вработени да останат на улица?

Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ни е јасно дека игрите на среќа редовно стануваат тема пред секои редовни или вонредни избори. Речиси сите политички партии служејќи се со популизам се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Притоа, никој од предлагачите не кажуваат, ниту пак изразуваат подготвеност да преземат одговорност за крајно штетните последици што ќе следат ако се затвори овој легален економски сектор. Дополнително загрижува фактот што дежурните критичари на игрите на среќа ги игнорираат примерите од соседството, кои потврдуваат дека секој радикален пристап по автоматизам предизвикува диви играчници, каде младината е под далеку поголем ризик, а државата ја губи контролата, се наведува во соопштението од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“. 

Непосреден повод за оваа наша реакција е најавите дека политичката партија „Левица“ во Собранието ќе предложи затворање на легалните објекти за организирање игри на среќа секаде, освен на граничните премини. Како здружение сме зачудени како една политичка партија која прокламира левичарска идеологија и врвна грижа за работниците, се залага најмалку 10 илјади луѓе да ги изгубат работните места и да останат на улица. Ова се човечки судбини, македонски семејства кои веднаш стануваат кандидати за нови иселеници во западните земји. Наместо да застанат во наша одбрана, се обидуваат да не жртвуваат во нивните дневно-политички математики. За нас ова е големо разочарување. Економскиот сектор игри на среќа вкупно гледано е најголемиот приватен работодавец во Македонија. Индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места. Годишните буџетски приливи од легалните игри на среќа одамна надмина 350 милиони евра што е најмалку 6 проценти од приливите на приходната страна на Буџетот. Дел од овие средства сигурно се трошат и за платите на професионалните политичари и за финансирање на политичките партии.

Ние сме подготвени со сите демократски средства да се бориме против голиот политички популизам кој е последица на постојаната негативна кампања против легалните игри на среќа, зад која не стои вистинска грижа за младината, туку бизнис интереси и нечија желба да се печали од играње на црно по подруми како во 90-те години на минатиот век.