Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото

 Јавниот обвинител Ненад Савески оствари средба со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Јавниот обвинител Ненад Савески оствари средба со италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери, на која беа разгледани соработката меѓу двете земји и поддршката на Италија во областа на владеењето на правото. Од Јавното обвинителство соопштија дека на средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочува обвинителството.

– Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден од најсилните поддржувачи на Македонија во ЕУ е силно заинтересирана за владеењето на правото – стои во соопштението.

Италијанскиот амбасадор ги презентирал досегашните активности, вклучувајќи ги и меѓуинституционалните меморандуми за борба против еколошки криминал и заштита на културното наследство.

Реклама

Соговорниците разговарале и за идните активности, недостигот од јавни обвинители и ресурси, како и обврските од реформската агенда.

– Савески и Палминтери се согласија дека од стабилноста и сигурноста на овој регион зависи и европската стабилност, бидејќи криминалните мрежи се поврзани меѓу себе – велат од Обвинителството. 

Од таму додаваат дека Италија е подготвена да ја засили поддршката за обвинителството, имајќи предвид дека владеењето на правото е клучен дел од процесот на пристапување во ЕУ.