Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Клековски: Фондот бара решение за техничките проблеми при исплата на породилното боледување

Фондот за здравство работи да најде решение за техничките проблеми при исплатата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравство работи да најде решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство. Дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилно отсуство, а разликата е во поцентите и различните пријавувања, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Клековски при денешниот престој во Прилеп одговараше на новинарско прашање за исплатата на породилното боледување. Проблем има што помалите фирми не пријавуваат соодветно патолошка бременост и породилно отсуство. 

– Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од другите исплати, овие се фреквентно променливи и некогаш процесите не се следат соодветно. Дел од проблемите што настануваат се, посебно од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост и на породилен надомест. Разликата е во тоа што за едните надоместот е 70, а за другите е 100 проценти. А за тоа мора да се поднесе ново барање. Само овој месец имавме 10-тина случаи на жалби и констатиравме дека е побаран надомест за патолошка бременост, а не е испратен документ дека родилката е на породилно отсуство. Работиме на тоа, ние постојано се извинуваме за непријатностите, меѓутоа се трудиме да најдеме техничко решение за да го олесниме процесот и на пријавување и на исплата, објаснува Клековски.

Реклама

Toj признава дека системот за исплата на породилните боледувања е таков каков што е. Посебно има проблеми со почетните и со завршните месеци, бидејќи и првиот и последниот месец поминуваат низ процес на верификација во подрачните служби на Фондот и таа верификација сѐ уште е рачна.

– Во основа, подрачните служби ги верификуваат породилните отсуства, ги испраќаат во дирекцијата во Скопје каде што се исплаќаат боледувањата. Ние, како што пристигнуваат породилните и другите долги боледувања, така ги исплаќаме. Само минатиот месец имаме исплатено 511 милиони денари за боледувања. Минатата година исплативме 72 милиони евра за породилни боледувања. Бараме техничко решение како тоа да се надмине, меѓутоа за разлика од други исплати, овие се фреквентно, променливи исплати и некогаш процесите не се следат соодветно, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување кој денеска присуствуваше на промовирањето на новата опрема во прилепската болница.